Волф: Не ни требаат возачи

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, е јасен дека немаат слободно возачко место за наредната година за никого. 

Серхио Перез потпиша со Ред Бул до крајот на 2024 година, но се поставува прашањето за иднината на Гасли. Французинот има договор со тимот до 2023 година, но не се знае дали ќе продолжи со АлфаТаури бидејќи место во Ред Бул за него нема. 

Нема отворени врати кај нас. Имаме двајца возачи, Не го гледаме пазарот на возачи за да не се дефокусираме – посочи австриецот.

Во 2024 година најверојатно ќе се ослободи место доколку Луис Хамилтон замине од тимот бидејќи неговиот договор истекува. Иако тој изјави дека нема да се пензиора сепак останува да видиме. 

Прерано е да зборуваме за договори во 2024 година. Среќни сме со Луис, Не се сомневаме дека ќе имаме подобра сезона и подоцна ќе дискутираме за 2024 година. мислам дека имаме одлични возачи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ