Волф не сака да зборува за платата на Хамилтон

Луис Хамилтон неделава откри дека не сака да преговара со Мерцедес околу својот договор поради пандемијата и многуте луѓе кои останале без работа поради болеста.

Шпекулациите во медиумите велат дека шесткратниот првак, всушност, не сака да го намали своето барање за годишната плата и тоа е причината поради која договорот сеуште не е потпишан.

прашање околу патата на хамилтон е многу директно и не сакам да коментирам околу тоа. мислам дека ако видите каков печат остава во формула 1 не само со исклучитлно возење, секогаш може да потврдите дека заслужува плата колку висока таа и да била.

но, светот е многу променет поради пандемијата, тежок период е, луис целосно го разбира тоа и ќе дискутираме на таа тема во иднина – изјави волф.

Запрашан дали постои опција да мине во Мерцедес, Себастијан Фетел изјави дека таква опција нема затоа што Луис Хамилтон ќе остане во тимот и во иднина.

Теорија на заговор се и пишувањата дека поради фактот што договорите на Тото и Луис со Мерцедес завршуваат оваа година, двајцата имаат можност да бараат нов предизвик.

мислиме да одиме на марс како нов предизвик. шала на страна, среќни сме каде што се наоѓаме – потврди тото за италијанска La Repubblica.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ