Волф не се согласува со Ботас: Макс не не фати на спиење

Тото Волф изјави дека е задоволен што по увидот во гумите на Валтери Ботас се одлучиле да одат на долга последна серија со Луис Хамилтон. 

Финецот беше водечки и имаше приоритет во боксот на тимот, но имаше не толку долга серија на хард и влезе во втор бокс во 32 круг. 

Наместо Хамилтон да влезе во бокс во наредниот круг, тој влезе 9 кругови подоцна и се надеваше да ја финишира трката со само едно застанување. Но, стратегијата на Мерцедес овој пат не беше безгрешна, Хамилтон немаше шанси да го стигне Верстапен и мораше да се задоволи со второто место, додека Ботас тргна од пол позиција, но заврши трети.

Тимскиот шеф на Мерцедес изјави дека тимот ги проверил гумите на Ботас и одлучиле подоцна да го повикаат Хамилтон на промена.

Зборував со Валтери, Мислам дека не спиевме, макс не не фати неподготвени и сфативме што е добро.

сметам дека имавме бавен болид и го признаваме тоа. Ботас смета дека сме направиле спротивно на Макс, Но тоа не менува ништо бидејќи Макс излезе на нови гуми, а ние продолжи со гуми кои не беа во добра состојба.

Тој не е среќен бидејќи беше на втора позиција, а Луис зад него, Но кога видовме што е со гумите, ги заменивме. Тој стануваше се побрз и го престигна Валтери – го објасни развојот на трката тото.

Австриецот изјави дека неколку фактори им предизвикале проблеми на Мерцедс. 

Неколку фактори од минатото ни направија разлика и разликата не беше толку голема, Тоа е едноставниот одговор. Болид со голема потисна сила реагира на многу фактори како времето и температурита, а и Ред Бул беа брзи. Ќе се вратиме посилни во Барселона следната недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ