Волф: Ограниченото трошење ќе ги заштити екипите од самите себе

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека воведувањето на ограничениот буџет во Формула 1 им помага на најдобрите екипи да се заштитат од себе.

Во 2021 година конечно беше воведен горен лимит на средства кои Формула 1 екипите смеат да ги потрошат во текот на една тркачка сезона се со цел да има поголема еднаквост помеѓу екипите. Претходно немаше граница на трошењето, така што најголемите и најбогати екипи редовно имаа огромна предност во развојот споредено со помалите.

Во Октомври 2019 година кога почнаа сериозни преговори за ограничувањето, ФИА предложи 175 милиони долари за 2021 година, но тој износ беше намален на 145 милиони долари поради светската криза предизвикана од Ковид-19 пандемијата. Износот беше дополнително прилагоден поради големата инфлација и поголемиот број на спринт трки планирани во текот на гоината.

Иако изедначувањето помеѓу перформансите не дојде вендаш, Тото Волф е задоволен од она што ограничениот буџет го донел поради што смета дека тимовите можеле да се најдат во бездна предизвикано од спиралата на прекумерно трошење.

клучна промена на ограничувањето воведено од чејс кери беше да се заштитиме од самите себе. ситуацијата преходно беше таква што ред бул, ферари и мерцедес се бореа во своја лига и водеа војна кој повеќе ќе потроши, а малите беа неконкурентени – објасни австриецот.

За време на својата последна двојна титула во 2020 година, Мерцедес потрошиле 325 милиони фунти, последна сезона пред ограничувањето.

ограиченото трошење беше копија на она што постои во америка долго врее како на пример во нфл или нба каде што има граница на тоа колку може да се потроши. нашиот лимит се однесува на техничкиот развој што го промени формула 1 бизнисот и одеднаш станавме профиабилни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ