Волф: Остануваме на гридот и догодина

Тимскиот шеф и дел од сопственичката структура на Мерцедес, Тото Волф, најави дека тимот дефинитивно нема да ја напушти Формула 1 на крајот на оваа тркачка сезона.

Никоја екипа го нема потпишано новиот Конкорд договор со Либерти Медиа, а шпекулации дека “сребрените“ се подготвуваат да го продадат тимот има во изобилство. Последна вест беше дека самиот Тото се подготвува д го купи тимот заедно со Лоренс Строл и д го ребрендира во Астон Мартин.

мерцедес дефинитивно ќе се трка во 2021 година затоа што останување во формула 1 има смисла за нас – најави австриецот.

Сепак, Тото смета дека Формула 1 треба да работи за да му помогне на Мерцедес да ги оствари своите цели откако стана јасно дека тимот и неговите муштерии не се целосно задоволни од новата регулатива. Иако тие иама удел во блокирањето на правилата за промена на моторите, сакаат некаква сигурност во врска со тоа што би се случувало за неколку години.

условите мора да бидат исправни и прифатливи за нас. сакаме да имаме добар конкорд договор со кој сме согласни, но тоа не значи дека треба да биде скроен само за нас. треба добро балансиран договор, како за нас така и за помалите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ