Волф очекува договор помеѓу Хамилтон и ФИА за накитот

Тото Волф очекува дека ќе има договор помеѓу Луис Хамилтон и ФИА околу тековните несогласувања за накитот на возачите во спортот.

ФИА одлучи построго да ги спроведе своите правила кои велат дека на возачите не им е дозволено да носат накит додека возат, вклучувајќи часовници, венчални прстени и обетки. Хамилтон, кога за прв пат беше објавена веста за оваа забрана, рече дека ќе мора да си го отсече увото за да може да ги почитува прописите, бидејќи дел од неговиот накит е буквално заварен на десното уво.

Седумкратниот светски шампион, исто така, се истакна со што е можно повеќе накит додека се разговараше со медиумите во петокот, носејќи три часовници, повеќе ѓердани и прстени додека беше интервјуиран. Хамилтон доби дозвола следните две трки да не биде во согласност со правилата, а предвидената казна за непоитувачуте на правилото може да се искачи до 250.000 евра.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Волф, откри дека Хамилтон разговарал со претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, околу ова прашање, кое 37-годишниот возач го опиша како непотребна кавга со возачите.

Мислам дека она што беше потребно беше дијалог меѓу Луис и Мохамед. 

Јасно е дека прописите се тука за да ги заштитат возачите, но од друга страна, треба да ја задржиме можноста за различност и средствата за изразување.

Знаеме дека ова е важно за Луис, така што вчера, без да навлегуваме во детали каде пирсингот останал или не, сигурен сум дека тие ќе дојдат до добро решение.

Себастијан Фетел го поддржа возачот на Мерцедес во неговите сегашни околности, при што четирикратниот светски шампион верува дека Хамилтон е на мета на ФИА за неговите избори во тој поглед, додека шампионот од 2009 година Џенсон Батон имаше спротивен став и се согласи дека ФИА треба да ги спроведе сопствените правила.

Возачите сега мора да носат и долна облека што одговара на официјалните прописи на ФИА за заштита од пожар, а Фетел навидум ја исмејуваше пресудата во петокот носејќи комплет долна облека надвор од неговиот тркачки костум пред да започне првиот тренинг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ