Волф: Постојат фактори против нас кои многу нè мотивираат

Тото Волф верува дека тимот на Мерцедес во Формула 1 треба да ја прилагоди својата структура со цел да ги исполни новите ограничувања на трошоците и регулаторните промени што доаѓаат во 2022 година.

Со првите финансиски ограничувања во спортот, воведени за почетокот на сезоната 2021, тимовите ќе мораат да се осигураат дека ќе останат во границата од 145 милиони долари, што ќе се намали на 140 милиони во 2022 година, а потоа на 135 милиони во 2023 година.

Постојат исклучоци во ограничувањето, вклучувајќи ги трошоците за маркетинг и платите на возачите, и останува да се види колкаво влијание ќе имаат новите ограничувања на врвните тимови. Техничките регулативи, кои првично беа замислени да се воведат во 2021 година, ќе стапат во сила во 2022 година, со цел во овој спорт да се создадат поблиски трки и поконкурентен грид. Зборувајќи за тоа како Мерцедес ќе изгледа за да се справи со претстојните предизвици што доаѓаат со регулаторната реформа, Волф рече дека неговиот тим „ги прифаќа“ промените и се мотивирани од фактори “кои работат против нив“.

За нас, тоа ќе биде интересна година, бидејќи треба да се структурираме на поинаков начин отколку што тоа го правевме порано, поради ограничувањето на трошоците.

Се соочуваме со овој огромен предизвик за малку изменети прописи од 2021 година и голем земјотрес со регулаторни измени за 2022 година. Постојат фактори кои работат против нас кои многу нè мотивираат, фактори кои работат за нас, затоа што веруваме дека имаме добра организација.

Но, генерално, ние ги прифаќаме промените и секогаш го правевме тоа во минатото. Значи, организацијата со нетрпение очекува да дојде до 2022 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ