Волф призна: Последните шест месеци во Ф1 има многу политика

Тото Волф откри дека никогаш порано не видел толку опортунизам и манипулација во Формула 1 одошто тоа го доживеал во последните шест месеци во спортот.

Од фијаското во Мелбурн кога тркачкиот викенд беше откажан на само два часа пред почетокот на првата тренинг сесија, до редовните состаноци помеѓу шефовите на екипи и Формула 1 за планирање на следните чекори, политика преовладувала. Несогласувањата станале редовни особено околу ограничувањето на трошењето и замрзнувањето на сегашните правила околу развојот со цел дополнителна заштеда на финансии.

Тото вели дека не може да се сети на друг период во неговата Формула 1 кариера кога политиката била толку многу присутна насекаде.

јас сум во спортот од 2009 година со вилијамс и никогаш не сум видел толку многу опортунизам, политика и манипулации. во некои страни во спортот вистински се сомневам, а на моменти и самата формула 1 станува второсепена и во позадина за да се заштитат други интереси.

научив многу за луѓето и сфатив дека ова е средина преполна со политика и секој гледа да извлече колку што може поголем корист, а последните шест месеци беа кулминација на тие политички игри – откри волф.

Сепак, австриецот е свесен дека политиката нема уште многу да биде присутна во спортот затоа што штом сезоната почне со трки, зборувањето ќе биде на патеката.

на крајот се ќе биде неважно затоа што во овој спорт се се базира на перформанси. штом знамете се развее, политиката престанува, интервјуата и мислењата станувааат целосно неважни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ