Волф се извинува на Ред Бул: Кармата не снајде

Тото Волф јавно се извини на Ред Бул откако Валтери Ботас ја уништи трката на Макс Верстапен и Серхио Перез.

Грешката на Ботас од првиот свиок приреди драма на трката за Големата награда на Унгарија, при што елиминирани беа Серхио Перез, Валтери Ботас и Ландо Норис додека болидот на Верстапен беше доста оштетен. Волф не се обиде да бара изговори и веднаш се извини на конкурентите од Ред Бул.

Целосно ги разбирам како се чувстувваат. Ние сме виновни. Мала грешка и доцниш на сопирачките и правиш судар посебно на дожд.

Мислам дека валтери беше во сендвич во моментот кога се обиде да затвори. Мала грешка предизвика голем инцидент и не чинеше доста поени – објасни австрискиот шеф на мерцедес.

Волф се извини јавно на Ред Бул и не побегна од изговор.

Тука сум јавно да го сторам тоа. Се извинувам за тоа. Работите се случуваат со причина и тоа е нашата карма. Можеби затоа не ги земавме сите поени денеска.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ