Волф: Со Луис до Марс и назад

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ги нарече смешни шпекулациите на медиумите кои го поврзуваат со трансфер во Скудерија Ферри во пакет со неговиот возач, Луис Хамилтон.

Откако Тото не се појави на трката во Бразил, медиумите почнаа да шпекулираат дека ќе го замени на чело на спортот извршниот директор Чејс Кери, а во последно време се актуелни пишувањата дека ќе премине во Ферари.

медиумите скроиле добар план, но би претпочитал да направам нешто друго како на пример да летам до марс со луис да видам да не има нешто за освојување таму.

сериозно, сакам да бидам успешен со мерцедес следната година, а тоа што ќе се случува потоа ќе биде решено во периодот кој следи – изјави волф за австриски Kronen Zeitung.

По долгата и напорна сезона со рекорден број трки, вклучените во спортот се надеваат да одморат за време на Божиќните празници, но не и Тото.

мојот тарапевт ми вели дека треба долги години за организмот да се навикне на толку високо ниво на стрес, а треба исто така многу години за да таа навика помине. три недели одмор не се никаква помош затоа што треба пауза и во текот на годината.

Во врска со Хамилтон и неговиот напад на рекордите на Шумахер, тој изјави:

ако ми дадеме болид на исто ниво како останатите, не посилен, тогаш ќе ја заврши работата затоа што има квалитет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ