Волф: Строл непотребно се мрази поради богатството на татко му

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека Ленс Строл се соочува со непотребна омраза поради богатството на татко му и вели дека младиот канаѓанец си го заслужува местото во спортот.

Во моментов Строл ја има најдобрата сезона во кариерата, дојде до подиум во Монца и има двојно повеќе поени од лани, но отворено се критикува при секоја грешка, најмногу поради својот пребогат татко кој е сопственик на тимот и најголем акционер во производителот Астон Мартин.

Но, Строл не е единствен кој има поддршка од пребогат татко затоа што и таткото на Никола сЛатифи, Мајкл, дава огромни пари во вид на спонзорство за неговиот тим да вози во Формула 1. Дополнително, Никита Мазепин се поврзува со место во Хаас следната година, а негов татко е рускиот олигарх, Дмитри Мазепин.

Сепак, првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, познат голем пријател и деловен партнер на Строл, смета дека младиот Ленс си го заслужува местото на гридот.

не постои возач оваа сезона која не е критикуван. ленс победи во италијанската формула 4, потоа во меѓународната формула 3, беше на подиум два пати во формула 1 и имаше квалификации во прв ред на монца лани под многу тешки услови. не мислам дека тоа е поради парите на татко му.

тој страда од успешноста на татко му и тоа не е во ред затоа што не може да направи ништо без да биде спомнат успехот на татко му. интересно е и што дете растено во такво окружување избрало да биде дел од најконкурентниот спорт на светот. нема дискусија дека заслужува – вели волф.

Тото застана во одбрана и на Латифи и Мазепин, возачи кои имаат Формула 2 победи и потенцираше дека денеска во Формула 1 има помалку платени возачи од порано.

Николас победуваше на Формула 2 трки и видовме за што е способен сезонава. ако се вратиме пред 10 години јас искрено не се ни сеќавам на имињата на возачите кои стигнуваа во формула 1 без ниту една единствена трка во некоја конкурентна серија.

да не го отпишуваме никита за следната година пред да го видиме на патеката. тој редовно е при врвот во формула 2 ова сезона, победи на неколку трки и конкурентен е. мислам дека спортот е во одлична состојба и имаме многу помалку возачи кои плаќаат за своето место одошто на пример пред шест години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ