Волф тврди дека нема да го отпуштат Ботас

Шефот на Мерцедес, Тото Волф уште еднаш потврди дека нема да го заменат Валтери Ботас наредната година по одличните перформанси на Џорџ Расел во Бахреин. 

Расел беше водечки во поголемиот дел од Шакирското ГП како замена за Хамилтон пред да биде уништена неговата трка во боксот. Мерцедес веќе потпиша со Ботас за наредната година и Расел останува во Вилијамс, но Хамилтон сеуште нема потпишано и тоа се очекува во најскоро време. 

Имаме договор со Валтери и тој ќе вози за нас наредната година. Мора силно да ме удрите на незгодно место за да не сум лојален, Но јас сум лојален на моите возачи.

Џорџ заврши одлична работа и заслужува одличен болид. Тој има договор со Вилијамс уште една година и ние сме флексибилни со него. 

Ботас се квалификуваше на втора позиција во Абу Даби пред Хамилтон додека Расел беше на 18то место во Вилијамс. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ