Волф: Тешката сезона многу ќе ни помогне

Шефот на Мерцецес, Тото Волф очекува тешката сезона на тимот да му помогне многу во иднина. 

Тимот од Брекли ги освои сите титули во последната турбо хибридна ера освен последната возачка минатата година, но со новите болиди тие се мачат уште од почетокот на сезонава. 

Стартот на сезонава не беше добар и нема друг збор за да се опише. Во декември ја освоивме титулата, а четити месеци подоцна не може да ја одбраниме.

Од тогаш навака се бориме за подиум на секоја трка. Во недела сме силни, но на квалификациите нешто ни недостасува. Во вториот дел од сезоната мора да разбереме како да се подобриме и да се бориме за победи – најави седумкратниот шефот на екипата.

Тимот полека се враќа во форма на последните трки, но Волф смета дека Мерцедес не сака да работи на краток план. 

Наша цел е да се бориме за титулата. Мора да ги гледаме позитивните работи и како што кажавме, учиме во деновите кога губиме. Нашиот болид е тежок и тешко се средува, Но тоа ќе ни помогне да научиме за во иднина. Гледаме развој на организацијата во наредните години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ