Волф: Хамилтон не моли за нов договор

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, демантира дека возачтот буквално го моли тимот да ја продолжат соработката и во иднина.

Од скоро се актуелни вестите дека седумкратниот првак и неговиот тим седнале на заедничка маса и почнале да разговараат за продолжување на соработката, а германски Auto Motor und Sport пренесе дека 37-годишникот букално моли за нов договор најмногу поради импресивните лански перформанси на неговиот колега.

јас не гледам така на тоа. одамна потврдив дека луис има место кај нас, но ние секогаш заеднички со него носиме одлуки и прво сакаме да чуеме што тој има да каже и која е неговата желба. сакам да продолжиме заедно и секако дека ќе преговараме, но не гледам некоја желба дека нешто ќе се смени – посочи волф.

Тото е сесен дека она што во тимот треба да се промени не е возачот, туку перформансите на пакетот произведе во Бракли.

дефинитивно за ред бул беше голема предност тоа што имаа инженер (адриан њуи) со претходно искуство од ерата на болиди со земјен ефект. но, верувам дека нашиот аеродинамички оддел е фантастичен и знам дека развојот кој го имавме е многу позтивен.

нашите симулации велат дека веќе сме ги надминале ланските проблеми, но така мислевме и лани и се покажа како грешка. ќе почнеме со тестирање во бахреин и само тогаш ќе видиме до каде сме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ