Волф: Хамилтон сака да остане со нас

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, потврди дека има дискусии помеѓу екипата и Луис Хамилтон за да го продолжи неговиот договор за наредната година. 

Откако го продолжи договорот до крајот на оваа сезона, се појавија озборувања дека Хамилтон ќе се пензионира на крајот на оваа година пред новите правила да стапат на сила. Со нив се очеквуа да се измени поредокот и тоа е природен крај на една кариера на возач. 

Хамилтон ги тестираше новите 18-инчни гуми на Пирели минатата недела на Имола и изјави дека планира да остане во спортот. Неговиот шеф објасни дека почнале првите преговори и дека не гледа причина зошто тој би си заминал. 

Нема причина зошто да замине. Ова е најдобро место во кое може да биде. Мислам дека може да понудиме конкурентен болид и нема потреба да се раздвоиме. Среќен сум што конечно јавно можам да го кажам ова. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ