Волф: Црн болид може да загрева повеќе

Тото Волф призна дека има малку грижа околу бојата на новиот црн болид на Мерцедес. Тој претходно призна дека бил инспириран од Луис Хамилтон да ја промени бојата на болидот како подршка на движењето Black Lives Matter и борбата против расизмот. 

Но, инженерите веќе се загрижени поради можноста од прегревање на болидот поради црната боја. 

Тоа е добро прашање. Комуникацијата и маркетингот се важни, но ако се загрозени перформансите тогаш е проблем. Треба да е 30 степени во недела и ќе видиме како ќе бидат симулациите што ги правевме со сребрен болид и споредено со црн во вистинскиот свет. 

Тој призна дека сеуште не е потврдено дали промената на бојата ќе го зголеми ризикот од прегревање. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ