Волф ја објасни причината за испаѓањето на Расел

Џорџ Расел ги изненади сите со испаѓањето во вториот квалификациски дел во Сингапур поради проблем со педалот за гас. 

Во вториот влажен квалификациски сегмент, Расел не постави доволно добро време и заврши на 11та позиција, додека неговиот колега Хамилтон се квалификуваше на трета позиција и беше разочаран што не беше на најдоброто стартно место. 

Тото Волф се осврна на квалификациите и го објасни проблемот на Расел што се појавил на првиот тренинг. 

Штета е бидејќи се појави проблемот што го имавме на тренингот. Тоа е поврзано со влечната сила и мислам дека останува отворена гаста и со тој проблем се јавува проблем со сопирачките. Тој немаше болид да се бори за пол позиција – откри австриецот.

И покрај проблемот што се јавил на првиот тренинг, сепак тоа не било случај и на другите тренинзи. Ненадејно се појави на квалификациите, а и Расел го кажа своето мислење. 

Се појавуваше секој пат кога бев во свиоците кога требаше да стиснам гас. Мислам дека треба да се видат податоците зошто се влоши проблемот. Буквално како да ме притиска некој од позади.

Штета е, Имав добар квалификациски круг и подоцна се влоши. Фрустирачки е бидејќи имав брз болид и ќе видиме како ќе бидеме на трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ