Волф ќе има состанок со Хамилтон во Февруари

Се верува дека новиот претседател на ФИА, Мохамед бен Сулајем, зборувал со Тото Волф за Луис Хамилтон, а во моментов британецот тренира и се релаксира во Колорадо. 

Волф изјави дека на шампионот му треба некое време за да прифати дека ја загубил титулата од Макс Верстапен во последниот круг од послената ланска трка.

Независно какви пречки ќе има Луис на патот, тој секогаш кажува што мисли на патеката. Неверојатно тешко е за него во моментов да знае што е правилно, а што погрешно. Потребно му е време.

Ќе зборуваме повторно во февруари. Нема да заборави што се случи во Абу Даби бидејќи тоа беше грешка. Тој беше непобедлив и официјалните лица направија грешка. Макс ја заслужи титулата, но Луис беше подобар, а не победи – посочи тото.

Дејмон Хол имаше пожесток коментар за Хамилтон и Мерцедес. 

За мене се е јасно. Ништо нема да го промени резултатот. Оштетена е Формула 1 и Луис. Нема враќање, НО мора да се врати и да покаже што знае. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ