Воулс: Тимот мора да се преработи целосно

Според тимскиот шеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, тимот мора да се преработи од основите доколку сака да привлече персонал. 

Поранешниот главен стратег на Мерцедес, Воулс, се приклучи на Вилијамс како шеф на тимот кој е на крајот на гридот и во моментов нема технички шеф кој го води развојот. Британецот навести дека во наредните месеци ќе заврши реорганизацијата и тимот ќе почнува да се гради од ново. 

Имаме јасни насоки. Мислам дека сме добри во однос на техничка структура на тимот. Нема за што да се зброува во моментов, а Реорганизацијата ќе заврши за неколку месеци. Работиме на тоа подолго време. 

Вилијамс не бил во топ 5 од 2016 година и Воулс смета дека тимот мора да го искористи своето име и финансиска подршка за да привлече добри инженери. 

Главно е да направиме целосно нова струкгура и да почнеме да работиме. Имаме финансии и тоа е достапно за нас, Имаме желба да за компромис по цена на оваа сезона само за да одиме напред наредната. Тоа е тешка одлука доколку си на петта или шеста позиција, но за нас е лесно.

Вилијамс сепак е име и Во музејот во Гроув има наши шампионски болиди. Тие се доказ за историјата на тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ