Воулс: Ќе биде тешко Ред Бул да победи на сите трки

Откако Џорџ Расел по Бахреинското Гранд При прокоментира дека очекува Ред Бул да победат на сите трки, неговиот поранешен шеф на стратегија и сегашен прв човек на Вилијамс, Џејмс Воулс, се сомнева во такво достигнување.

Ред Бул продолжуваат со доминација и од почетокот на оваа сезона откако победија со 40 секунди предност на Шакир, но Воулс верува дека предноста на “биковите“ само ќе се намалува како што одминува сезоната со оглед на тестирањето кое е направено така да послебите повеќе напредуваат.

се сомневам дека ред бул ќе доминираат во првиот дел од сезоната. мислам дека ферари ќе бидат доста поблиску на џеда и патеки како силверстон и барселона, каде ќе бидат силни и мерцедес.

балансот во текот на сезоната ќе го одреди дефицитот во однос на тестирање во водзушниот тунел кое не е преголемо, но направено е на начин да ги балансира работите. во текот на годината, некои екипи ќе дојдат поблиску до ред бул, а со пренесување на правилата и следните години, развојот ќе се зголеми, а гридот ќе се доближи – смета инженерот.

Ниту една екипа не успеа да го стигне рекордот на Мекларен од 1988 година кога со МП4-4 победија 15 пати од вкипно 16 трки. Мерцедес со својот В07 во 2016 година дојдоа блиску до рекордот кога победија 19 пати на 21 трка, а Ред Бул лани имаа 17 победи од 22 настани.

во текот на зимата, ако направите 1-2 грешки одлуки може целосно да се зезнете следната година. ако ја анализирате доминацијата во текот на регулаторни промени, причината е соодветно инвестирање и грешни одлуки.

ако сте брзи, тогаш не сакате ништо да се промени, ако ве стигне конуренцијата, ќе барате промени, а она што беше добро вчера, не е денеска. како резултат на тоа, ако стоите во место, ќе ве стигнат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ