Во Австралија само целосно вакцинирани во падокот

Секој Формула 1 возач и член на тимот мора да биде во согласност со граничните правила кога ќе влезат во Австралија за прв пат по Март 2020 година на овогодинешното издание на трката.

Ендру Вестакот, шефот на Австралиското Гранд При во Мелбурн го најави тоа кога беше запрашан како ќе се организира трката по последните случувања со српскиот тенисер Новак Џоковиќ.

тоа е глобална приказна низ светот и секој фан на спортот и спортски новинар низ светот пишува за тоа и поради тоа мелбурн е во фокусот со овој проблем – изјави вестакот за Sydney Morning Herald.

Тој призна дека ситуацијата лошо се отсликува на Мелбурн кој сака да стане еден од главните спортски градови во светот. Џоковиќ првично добил медицинско изземање, но потоа визата му била повлечена од федералната влада на неколку денови пред почетокот на главниот тениски турнир. Министерот за имиграција сметал дека невакцинираните тенисери не смее да влезат во земјата.

Во врска со Формула 1, Вестакот најавува дека нема исклучоци и нема сиви зони и јасно е дека сите мора да бидат вакцинирани.

тоа ќе биде задолжително за спортот и сите што патуваат и ќе биде проверувано при влезот во државата и градот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ