Во Баку размислуваат за чартер летови

Организаторите на Азербејџанското Гранд При размислуваат за чартер летови за следното издание на трката откако многу фудбалски фанови годинава се намачија за да стигнат до Баку за финалето од Лигата на Европа помеѓу Арсенал и Челзи.

Недостатокот на директни летови во Баку од Англија каде се стационирани најголем дел од 10те тимови и високата цена за промена на авиони за да се мине раздалеченоста од 8.000 километри, беа силно видливи во последно време.

следната година доколку сме “врзани“ со некоја друга трка, дефинитивно ќе се обидеме да организираме повеќе чартер летови и да ги продадеме на некој кој ќе биде заинтересиран. тоа е нешто што го разгледуваме за да им го олесниме патувањето на гледачите. тоа не сме го правеле во минатото, но сакаме да го направиме во иднина – изјави ариф рахимов, промотерот на трката.

Рахимов откри дека на овогодинешното издание на трката, најбројни биле гостите од Русија, пред британците, а на трето место биле германците. Сепак, бројките на посетителите од странство се мали во споредба со фудбалската Лига на Европа каде на стадионот со капацитет од 68.700 гледачи, двете екипи ќе имаат по 6.000 свои фанови.

зборуваме за 3-4.000 гледачи од русија и околу 1.000 од британија. тоа се оние кои купиле карти, не зборувам аз гостите на тимовите и на официјалните лица од странство.

Сепак, тој откри дека тимскиот персонал кој допатувал во Баку од Британија изнесува околу 3.000 луѓе.

Патеката има место за 18.000 гледачи на трибините, дополнителни 2.000 гледачи во ВИП делот и просториите на тимовите и дополнителни 10-15.000 гледачи околу патеката надвор од рибините.

Годинешната трка беше во Април, но следната година тие веќе најавија дека сакаат трка во Јуни, можеби непосредно со Канада за да се избегне “сударот“ со Еуро 2020 и групата на која токму Баку ќе биде домаќин.

размислуваме за трка во јуни, но има многу пречки. имаме група од европското фудбалско првенство следната година и четири наптревари на 13, 17 и 32 Јуни и 1/4 финале н 4 Јули.

секако дека не сакаме да организираме трка во исто време со еуро 2020 затоа што ќе биде кошмар во градот, трката ќе загуби фанови, но и фудбалот ќе загуби фанови. најдобро за нас е почетокот на јуни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ