Во Баку сакале да ја избегнат катастрофата од Мелбурн

Организаторите на Азербејџанското Гранд При во Баку рано решиле да ја одложат трката во главниот град за да ја избегнат катастрофата која се случи со првата трка од сезоната во Австралиај која беше откажана два часа пред првата петочна сесија.

Слично на трката во Мелбурн, и во Баку патеката е низ јавни патишта и потребна е инсталација на времени објекти за одржување на трката, нешто што бара неколкумесечна подготовка. Во Австралија биле направени сите трошоци за подготовка, а трка немаше, така што организаторите ќе трпат голема финансиска штета.,

Ариф Рахимов, Главниот извршен директор на трката за Големата награда на Азербејџан откри дека решиле да се откажат од трката два месеци пред рокот за да ја избегнат судбината на Мелбурн.

кога имате некое претходно фијаско од сличен тип, полесно е за сите затоа што сите разбираат низ што треба да минеме. слободно можам да кажам дека на никој промотер не му посакувам да биде во ситуација како оние во австралија и навистина ми е жал за енди вестакот и неговиот тим. мислам дека тоа низ што минаа е ужасно, а откажување на настан во последен момент е пропаст за промотерите.

толку многу труд и работа се вложува во организација на настан од таков тип. австралиај како и баку е привремена патека и порди тоа верувам дека е вложено многу време, пари и енергија во градење на се што е потребно, а одлуката во последен момент уништува се. секој промотер, па така и ние, сака да избегне нешто слично.

со сите одложени трки пред нас и ужасниот пример на австралија, нашата одлука не беше тешко донесена туку беше логично следство на позицијата во која се најдовме. донесовме одлука пред да почнеме со било какви подготовки околу патеката, тоа беше наша цел затоа што си поставивме рок пред себе.

сакавме да се осигураме дека нема да правиме непотребни трошоци затоа што би било навистина катастрофално да потрошевме толку многу пари за составување на патека на која никој нема да се трка. нашиот рок за почеток беше средиан на март и ја одложивме трката топму тогаш затоа што беше правилна одлука во последниот ден пред почетокот на подготовките. во спротивно ќе беше само непотребно трошење многу пари – смета рахимов.

Со одложувањето на трката низ улиците на Баку, Канадското Гранд При е следно кое не е откажано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ