Во Барселона немаат информации околу евентуална трка во Мадрид

Шефот на патеката Барслона Каталуња, Хозе Луис Сантамарија, вели дека нема информации за плановите да започне трка во Формула 1 на улиците на Мадрид.

Актуелниот договор за Големата награда на Шпанија со патеката крај Барселона трае до 2026 година, а плановите се чини дека се добро напреднати за потенцијален трансфер во Мадрид после тоа. На прашањето за ривалската понуда на Мадрид, Сантамарија рече дека се што знае е дека патеката во Каталуња има намера да остане на Формула 1 гридот долгорочно.

Од првиот ден кога го потпишавме договорот за продолжување до 2026 година, веќе зборуваме за иднината. Нашите односи со Формула 1 се постојани, многу блиски и многу добри. А нашата цел не е ништо друго освен потпишување на долгорочни договори.

Ние имаме стратешки план за инвестирање, адаптација и подобрување на објектите и ова секогаш мора да биде поврзано со долгорочни договори – додаде Сантамарија.

Немаме никакво знаење за овој проект на Мадрид. Не знаеме ништо за што можеме да зборуваме. Единствената цел е долгорочно останување, а фактите го потврдуваат тоа.

Едно потенцијално решение, сепак, би можело да биде Барселона и Мадрид годишно наизменично да бидат домаќини на Шпанското Гранд При. На прашањето за тоа, Сантамарија одговори:

Тоа е нешто што веќе беше покренато пред многу години и нашиот став отсекогаш бил ист. Сакаме да ја имаме трката овде постојано, трајно И факт е дека за овие 33 години тоа е случајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ