Во Мексико Верстапен собори 33 години стар рекорд на Сена

Макс Верстапен го собори рекордот поставен од легендарниот Аиртон Сена пред повеќе од 30 години со неговата победа на Големата Награда на Мексико.

Со победата на Макс Верстапен во Мексико Сити, холанѓанецот го “сруши“ рекордот поставен од легендарниот бразиле во далечната 1988 година.

Верстапен стигна до својата деветта победа во 2021 година на Автодромо Херманос Родригез, што значи дека го надминува Сена за најмногу победи во една сезона во Формула 1 за возач со погон на мотор од Хонда.

Сена првично го постави рекордот на пат до првата од неговите три светски титули во 1988 година, на почетокот на многу успешните денови на соработката меѓу Мекларен и Хонда.

Во далечната 1988 година на календарот имаше само 16 трки, наспроти 22 оваа година. Сепак, како што е сега, двете се еднакви во проценти; Сена победи на 50 проценти од трките одржани во 1988 година, додека Верстапен триумфираше на девет од 18-те трки одржани во 2021 година досега.

Тоа не беше единствениот рекорд поставен од возач на Ред Бул во Недела, бидејќи Серхио Перез стана првиот мексиканец кој водел круг и постигнал подиум на домашен терен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ