Во Мерцедес очекувале Катар да биде најлоша патека од последните три за нив

Од Мерцедес открија дека нивните симулации покажале дека од последните три трки од календарот, Катарското Гранд При на Лосаил најмалку ќе им одговара.

“Сребрените стрели“ вода жестока борба со Ред Бул за двете титули сезонава, а како што сезоната одминува, така борбата се повеќе се разгорува. Хамилтон и Мерцедес имаа две последователни победи и во моменто Луис е на само 8 поени зад Макс, додека Ред Бул заостанува 5 поени зад Мерцедес.

Главниот инженер на патека во Мерцедес, Ендру Шовлин, призна дека тимот е изненден од перформансите на квалификациите на Хамилтон.

знаевме дека ќе бидеме добри овдека, но во исто време бевме загрижени затоа што бевме свесни оти конфигурацијата нема во целост да ни одговара. од сабота наутро изгледаше како луис да има се под контрола, но беше тешко да се предвиди колкава предност ќе има.

никогаш не предвидувавме дека ќе имаме толку голема предност на квалификациите, но тој беше безгрешен и одлично одработе. во моментов е во вој филм. правевме куп симулации за катар, но во ниту еден момент не добивме информација дека ќе имаме толку голема предност во однос на ред бул.

Следува еден викенд пауза за Формула 1 циркусот, а потоа Саудиска Арабија и Абу Даби една по друга.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ