Во Монца инсистираат на трка со публика

Организаторите на Големата награда на Италија во Монца не се откажуваат од својот Септемвриски термин за овогодишната Гранд При трка, но и од присуството на публика на истата.

Пандемијата со Ковид-19 беше најсилна во Северна Италија, токму каде што се наоша легендарниот автодром, а Анџело Стичи Дамиани, првиот човек на АЦИ кои се организатори на настанот, најави дека сакаат да останат на ревидираниот календар.

секако дека гранд при трките во ерата на корона вирусот ќе бидат поразлични, во падокот секако ќе има помалку луѓе и можеме да претпоставиме 30-40% помала посета од лани – наави дамиани.

Тој најави дека откажување на трка во продолжетокот од сезоната на начин како што тоа беше направено во Мелбурн ќе значи крај за овогодишното првенствто, поради што челниците на спортот мораат да бидат внимателни.

ни треба посебен протокол за трка, барем во италија и паралелно со работата на медицинската група ќе ни треба и виролог кој ќе ни помогне во оваа фаза и ќе ни ги даде сите потребни информации во организацијата

Оригиналниот датум за Монца е Септември, така што може да се очекува трибините да бидат со публика кога болидите ќе гостуваат на Националниот автодром.

тешко е било што да се предвиди во моментов и поради тоа би сакале да причекаме неколку недели пред конечна одлука. сакаме да разбереме каква е ситуацијата за нашиот предвиден тркачки викенд во септември.

разговараме за секаков развој на настаниет и преговараме со либерти медиа. нашите загуби без присуство на публика ќе бидат значително големи и за сега не сакам да шпекулирам за нешто такво затоа што верувам дека тоа нема да биде случај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ