Во Муџело сериозно се размислува за Ф1 трка

Постои реална опција трката број девет од овогодишната Формула 1 сезона да биде повторно во Европа и да се вози во италијански Муџело, патека во сопственост на Ферари.

Првите осум трки од оваа сезона веќе официјално се познати, а серијата од осум трки во десет недели започнува со двојна програма во Австрија на 5 Јули и на 12 Јули. Следува Хунгароринг, а потоа повторно двоја програма, но на Силверстон, за последните три трки да бидат Шпанија, Белгија и Италија на почетокот на Септември.

Неколку патеки кои не се дел од календрот веќе изразија подготвеност да оргнизираат трка доколку тоа е потребно, а се чини дека германски Хокенхајм во моментов е во “пол позиција“.

“зад сцената“ веќе има многу договори и преговори за тоа што ќе се случи по големата награда на италија. поради тоа што прекуокеанските трки се тешки за планирање поради различните препораки околу патувањата, форула 1 сака уште две трки во европа пред далечните патувања, а хокенхајм, имола и муџело се најсериозни кандидати за истите.

италија веќе има трка во монца, така што тешко веројатно е дека имола и муџело ќе добијат организација. хокенхајм веројатно сигурно добива трка во втората половина од септември – пишува угледниот германски Auto Motor und Sport.

Но, RaceFans.net тврдат дека Муџело е прв на листата и веројатен организатор на трката. Патеката во Тоскана никогаш немала официјална Гранд При трка иако спорот често тестирал таму во минатото.

многу извори за RaceFans.net потврдија дека формула 1 ги контактирале ферари околу можност да се користи патеката во муџело како домаќин на трка од овогодинешниот шампионат, една недела по италијанското гранд при во монца.

Доколку муџело се најде во календарот по монца, тоа ќе значи дека ферари ќе бидат во можност да ја прослава својата 1.000та трка на домашен терен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ