Во најголемa тајност, Ферари искористи ден за снимање на Монца

Ферари буквално ја заклучија Монца во Петок и во нјголема тајност искористија ден за снимање во пресрет на Шпанското Гранд При што ги подгреа шпекулациите за големината на нивните новини кои се очекуваат во Барселона.

Секако дека Тифозите будно го следат секој чекор на нивниот обожаван Ферари, а овој пат италијанците имаа закажано промотивен настан на “Храмот на брзината“ со огромно обезбедување и без можност за влез на патеката. Фановите немаа дозвола да го видат болидот, пристапните патишта беа барикадирани и немаше можност да се дојде до патеката, така што детали за она што Скудерија го пробувала нема.

Екипта потврди дека Шарл Леклер го возел болидот за да се сними видео материјал наменет за маркетинг активностите. Ова снимање е многу важно за Ферари затоа што сакаа официјални слики без логото на руски Касперски кој по ивазијата на Украина беше отстранет од тимот поддржувачи.

Претходно италијанците користеа ден за снимање во пресрет на првиот тест во Барселона кога Касперски беше присутен како лого на болидот.

Секој ден за снимање е ограничен на 100 километри со посебни гуми, а на Монца тоа значи 17 кругови. Секогаш екипите работат и на прибирање на вредни информации без при тоа да се прекршат правилата.

Ферари најави големи новини за Барселона со цел да го надминат заостатокот зад Ред Бул кој го проценуваат на околу 2 десетинки, а очекувањата се дека ќе се намали отпорот кој го има болидот како и тежината, главните проблеми поради кои тимот заостанува на правците. Секако дека ќе се работи и на подот за подобро користење на земјениот ефект и отстранување на потскокнувањето.

Шпекулациите велат дека италијанците може да ја намалат тежината со отстранување на боја од болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ