Во Остин, Ред Бул покажаа колку ја ценат Хонда

Тојохару Танабе изјави дека го ценат гестот на Ред Бул да го качат Масаши Јамамото на подиум по победата на Макс Верстапен на Големата награда на Америка.

Хонда ги снабдува Ред Бул со мотори од 2019 година, но оваа сезона заминува од спортот и програмата ќе ја превземе Ред Бул Пауертраинс. На пет трки до крајот, Ред Бул му дадоа шанса на Масаши Јамамото да го подигне трофејот за конструкторот.

ова е наш втор последователен подиум и двата беа со посебни шари. Стратегијата на Макс беше одлична и тој си ја заврши работата. Чеко беше брз во текот на викендот и ова е втор пат да заврши на трето место што е многу важно за нас. Беше одлично што Јамамото-сан го зема подиумот и го цениме овој гест на Ред Бул – велат од јапонска хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ