Во Остин се работи на мазнење на патеката

Домаќинот на Големата награда на Соединетите американски држави, автодромот крај Остин, Тексас, работи на отстранување на нерамнините кои возачите ги окарактеризираа како неприфатливи за време на минатогодишниот тркачки викенд.

Speed Week пренесува дека патеката ќе остане затворена цел Јануари додека траат поправките, а дури 40% од асфалтот ќе биде отстранет и нов поставен на негово место.

Официјалниот Твитер профил на патеката во Јануари објави слика од градежните работи и на тој Твит пишуваше “Чао дупки“.

Боби Епстеин, уште за време на Американското Гранд При лани појасни дека големата поплава од 2015 година предизвикала пропаѓање на земјиштето по што се појавиле големи нерамнини на асфалтот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ