Во Остин сигурни дека затворањето на патеката нема да влијае на трката

Шефот на Патеката на Америките, Боби Епстеин, смета дека одлуката на одреден период да се затвори патеката во Тексас и да се намалат вработените нема да влијае на овогодинешното издание на Американското Гранд При во главниот град на Тексас.

Патеката е силно погодена од мерките за претпазливоста, а во врска со ширењето на пандемијата на корона вирус, мерки кои забрануваат јавни собири над 50 лица. МотоГП трката на патеката е веќе презакажано од 5 Април на 15 Ноември, додека Индикар трката која требаше да се одржи на 26 Април е откажана на неодредено време.

Постоеше и закажан концерт на Ролинг Стоунс на 24 Мај, но и тој настан е многу веројатно да не се случи. Со цел да се намалат трошоците на патеката поради недостатокот на настани, дел од вработените се пратени на принуден одмор, а останатите работат со скратено работно време.

Сепак, Епстен е убеден дека патеката ќе го организира Американското Гранд При кое е на програмата во Октомври, секако ако сигуацијата со пандемиајта тргне на подобро.

следнтие 90 денови имаме настани за кои сме продале околу 600.000 билети и истите се одложени, презакажани или се под знак прашалник. мерките кои сега се превземени немаат никаква врска со нашата способност да ја организираме големата награда на америк во октомври – смета епстеин.

Посебна официјалната изјава од патеката гласи:

жал ни е за нашите вработени и нивните семејства кои цела година се подготвуваат да примат гости во остин од цел свет, а сега се без работа.

радоста од создавање на насани за паметење сега е заменета со разочарување од светската здравствена криза.

во моментов е ужасно време секаде низ светот за ваквиот бизнис. пред се се надевам дека сите ќе останат во добро здравје и ќе ги слушаат експеритите. ние се надеваме дека кота набрзо ќе се врати во препознатливото светло.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ