Во Силверстон очекуваат полни трибини

Првиот човек на Силверстон, Стјуард Прингл, смета дека одржување на историсктата трка пред полни трибини летово не е исклучена можност.

Тркта број 10 од овогодинешната сезона ќе се вози на 18 Јули на Силверстон, четири недели по најавеното укинување на рестриктивните мерки од страна на Премиерот Борис Џонсон.

полни трибини е целосно остварлива идеја. силверстон не е тесен стадион како за фудбал или за тенис. нашиот капацитет од 70.000 седишта се распространети на површина од 5 километри, имаме многу простор, се е на отворено, а имаме и огромен број влезови и излези. се е можно, но ништо не е јасно и ништо не е гарантирано во овој момент – изјави прингл за новинската агенција PA.

Со објавата на Владата во Вторник дека рестрикциите ќе бидат на сила до 21 Јуни, продажбата на влезниците веднаш беше зголемена, а веќе е најавено дека присуство на гледачи на спортски натпревар ќе биде дозволено од 17 Мај.

Лани Силверстон одржа две трки, двете зад затворени врати, иако е повеќе од јасно дека недостаток на приходи од продажба на влезници многу им штети.

имаме големи проблеми затоа што и нашите активности околу организација на деловни активности, конференции и изложби не се случуваат поради пандемијата. имавме само еден настан со гледачи лани, тоа е померој трофејот кој се одржа во февруари лани и на него имаше околу 100 луѓе.

многу е тешко, немаме никаков приход, но ги имаме истите трошоци за одржување на 2,2 километри квадратни комплекс.

сакам овогодинешната трка да има колку што може повеќе гледачи, тоа ќе биде важно за силверстон, но ние мораме да се погрижиме безбедноста да е на право место.

гледам силна побарувачка од нашата пубика, сите сакаат да дојдат и да гледаат трки забавувајќи се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ