Во Сочи не сакаат песок крај патеката

Организаторите на Руското Гранд При во Сочи го одбија барањето на Либерти Медиа да се постават песочни зони крај патеката кога во Септември Формула 1 циркусот ќе гостува во олимпискиот град.

организаторите на првенството сакаат да ја зголемат забавата  на патеката и сакаа асфалтните делови да ги замениме со песочни делови во некои кривини, но за нас тоа е неприфатливо. формула 1 трката е само еден викенд, а патеката работи цела година и треба да биде добра и за останатите кои ја користат. возач аматер кој ќе заглави во песокот дефинитивно ќе го оштети своето возило – изјави сергеј воробјов, првиот човек на промотерот росгонки.

Годинава организацијата на Руското Гранд При по втор пат доаѓа во конфликт со Либерти откако одбија да го променат датумот на својата трка со Кина која се мачи со корона вирусот.

либерти рекоа дека ќе размислат по нашето одбивање за псотавување песочни зони и повторно ќе не контактираат, но до сега го немаат направено тоа. операторите на неколку трки како на пример во франција и абу даби се во слична ситуација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ