Во Спа нервозно чекаат продолжување на договорот

Имола си го обезбеди своето место во Формула 1 до 2025 година, додека омилената Спа-Франкошамп во Белгија сеуште го нема сторено тоа и чека на сличен исход.

Оваа година е последна за Белгија согласно актуелниот договор, но главната организаторка на трката, Ванеса Маес, е во Бахреин на состанок со останатите промотери и шефоите на спортот, надевајќи се дека ќе добие нов догово.

добро е и неопходно е сите да се собереме вака заедно и да дискутираме за тоа што е добро, а што не, добивајќи информации едни од други – изјави маес за белгиска телевизија.

Пандемијата полека стивнува, а популарноста на Формула 1 е се поголема, најмногу поради целосно новите правила од кои се очекува многу.

кај нас, продажбата на влезници се одвива многу добро и за неколку денови ќе стигнеме до дозволените 100 илјади гледачи дневно. среќни сме и задоволни што фановите ни се лојални и покрај лошото искуство кое го имавме лани.

Сепак, Ванеса призна дека постои нервоза што се ближи крајот на договорната соработка со Формула 1.

многу работевме и инвестиравме на патеката зимава во однос на безбедноста, песочни зони и слични работи се со цел патеката да остане во својот препознатлив стил. гледаме кон иднината и додаваме елементи кои мислиме дека ќе ни донесат добро.

преговараме со формула 1 и очекуваме многу скоро да потпишеме нов повеќегодишен договор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ