Во Ферари очекуваат жесткоа борба со Мекларен во Мексико

Во Маранело се надеваат дека големата наморска височина на која се наоѓа автодромот Ерманос Родригез во Мексико Сити ќе им даде поголема предност во однос на Мекларен на претсојната трка

Ферари се само 3,5 поени зад Мекларен кај конструкторите во борба за 3то место во поредокот, а со скорешниот подобрен и подновен мотор кој им донесе повеќе перформанси, се надеваат дека ќе ја задржат предноста во однос на “портокаловите“ која ја имаа на претходната трка во Тексас.

На Американското Гранд При, Шарл Леклер заврши на 4то место со 25 секунди предност пред Даниел Рикардо од Мекларен, а тоа што ги радува италијанците е фактот што Патеката на Америките не требаше да го фаворизира нивниот болид. Поради тоа, Матиа Биното верува дека уникатните карактеристики на патеката во Мексико треба да донесе уште подобри перформанси.

во мексико со вози со најголема потисна сила, а моторот не влијае претерано многу на перформансите. поради тоа иако имаме заостаток азд моторот на мерцедес, мислам дека мексико ќе ни одговара повеќе во однос на остин од пред две недели – најави биното.

Швјцарскиот инженер е задоволен што Ферри биле подбрзи од Мекларен во Остин затоа што не го очекувале тоа.

годинава мекларен е секогаш мнгу конкурентен на средните и брзите кривини какви што има многу во остин. но, ако ги погледаме целосните перформанси во текот на викендот, ние бевме пред нив, така беше на квалификации, а така беше и на трка кога шарл заврши 25 секунди пред рикардо, односно беше половина секуда побрз по круг.

ако го споредиме балансот во текот на кругот, бевме доминантни во однос на нив, а на хартија тоа не требаше да биде патека која ќе ни одговара. поради тоа сум презадоволен со напредокот кој го имаме на последните трки и секако моторот ни помогна во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ