Во ФИА предвидуваат дека со новите правила, заостатокот на најбавните ќе се преполови

Рестриктивните аеродинамички правила кои оваа година ќе стапат на сила во Формула 1, дополнети со ограничувањето на трошењето, треба двојно да го намалат заостатокот помеѓу најбрзите и најбавните, сметаат од ФИА.

Спортот е пред целосно нова аеродинамичка регулатива сезонава, болидите повторно ќе бидат со таканаречен “земјен ефект“ кој има цел да го направи тркањето поинтересно преку полесно следење и претекнување.

Иако сеуште е рано да се каже дали спектаклот и шоуто ќе се подобри, шефовите на Формула 1 се оптимисти дека пакетот на правила ќе резултира со еднаков грид. Лани разликата помеѓу најбрзите и најбавните беше околу три секунди, а Томбазис, главниот и одговорен за техничките детали на отворените едноседи регулирани до ФИА, смета дека тоа ќе се преполови на 1,5 секунди.

на крајот на минатата година разиката помеѓу најдобрите и најслабите беше околу три секунди во зависност од патеката. се надевам дека можеби по една година, а можеби уште оваа, тоа ќе се преполови, на тоа се надевам, но мораме да почекаме – посочи томбазис.

Иако многумина веруваат дека разликите помеѓу врвот и дното на гридот на почетокот од годината ќе бидат доста големи, предвидувањата се дека штом сите ќе почнат да ги сфаќаат новите аеродинамички правила, тоа ќе се намали драстично.

тешко е да се очекува дека годинава ќе биде повозбудлива од минатата затоа што реперот од лани е неверојатен. но, мислам дека штом дојде до конвергенција, ќе има многу болиди кои ќе бидат во комбинација и ќе биде многу позитивно.

кога анализирав некои стари првенства и скоро прочитав дека некогаш имало дури 11 победници на трка и сфатив дека се освојувало титула со неколку победи. не велам дека ќе биде така, но секогаш сакаме варијабилитет кој е добар. исто така, ќе имаме болиди кој полесно ќе се следат во текот на подолго време бз при тоа да им се прегреваат гумите, ќе може подолго време да се борат, ќе биде возбудливо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ