Во Хокенхајм задоволни што немаат трка годинава

Во Хокенхајм се задоволни што се изоставени од овогодинешниот Формула 1 календар кој стана хаотичен по пандемијата со Ковид-19.

Шефот на автодромот кој долго време беше домаќин на Германското Гранд При, Јорн Теске, изјави дека тие спијат мирно затоа што имаат еден проблем помалку, а тоа е враќање на парите за евентуално продадените влезници доколку би организирале трка годинава.

замислете да требаше да враќаме пари н 30.000-40.000 луѓе кои купиле карти без информација дали трката евентуално би била презакажана. финансиски не сме загубиле ништо – среќен е теске.

Сепак, тој откри дека пандемијата влијае многу на автодромот Хокенхајм.

губиме милиони, многу пари кои дури не можеме ни точно да ги пресметаме. но, деновиве никој не прави пресметки. не можеме да организираме јавни настани, хотелот е затворен, немаме приходи од кетеринг, а не работи нити музејот.

во исто време невозможно е да планираме било што затоа што не знаеме што ќе се случува во блиска иднина.

убедени сме дека ќе можеме да се носиме со ситуацијата и дека ќе ја преживееме оваа сезона. ако знаеме кога ќе заврши кризата можеме да бидеме многу поефикасни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ