Во 2019 Ферари користеле поедноставена верзија на DAS

Мерцедес одеднаш и неочекувано се појавија со новиот DAS систем за време на предсезонските зимски тестови.

Ред Бул Рејсинг, на чело со Хелмут Марко, веднаш реагираа на одлуката од ФИА дека системот е легален, додека Ферари од нивна страна останаа прилично тивки и не објавија осодувачки изјави околу концептот. Motorsport.com ја откри причината околу нивната пасивност.

Од Француското Гранд При во 2019 година, Ферари имале систем кој функционирал слично со принципот на работа на DAS. Италијанската екипа ќе го користи истиот систем и наредната година, а дури и нивните клиенти, Хаас, го примениле таканаречениот PAS (Power Assisted Steering) систем.

PAS не е толку напреден како DAS. Системот на Ферари од повеќе гледни точки е претходник на револуционерното решение на Мерцедес – гласи на порталот на Motorsport.com

Од 2021 година Мерцедес нема да бидат во можност да го користат системот, но Ферари имаат нешто од пред една година што ќе биде долготрајна предност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ