Вурц откри дека возачите поддржуваат трки без публика

Претседателот на Асоцијацијата на Гранд При возачи, Александер Вурц, откри дека тие целосно стојат зад идејата на Формула 1 за организирање на трки без публика и се што се прави “зад сцената“ е за да се осигура и зголеми безбедноста во спортот.

Австриецот ги спореди напорите за спречување на ширењето на Ковид-19 и почеток на сезоната зад затворени врати со она што се случуваше по трката во Имола во 1994 година кога се правеа многу работи со цел да се зголеми безбедноста во врвната тркачка серија.

Вурц редовно ги претставува возачите на состанокот со Формула 1 и ФИА шефовите, така што потврди дека трките на почетокот на Јули во Австрија ќе се возат со минимален ризик, на што тој е горд затоа што се било “покриено“ од страна на органзиацијата.

не беа преговори, туку дискусии и дебати како и користење на групно мислење на сите вклучени во спортот за да се осигураме дека ќе се вратиме на тркањето колку што може поскоро.

тркањето, особено по инцидентите на сена и раценбергер во имола, иако се секогаш на лимитот, станаа неверојатно безбедни. сите во овој тркачки свет механичарите, шефовите на екипите, официјалните лица, користат строги безбедносни протоколи.

тоа се покажа одлично последните 3-4 децении. сер џеки стјуард го започна целото тоа движење околу зголемувањето на безбедноста во спортот коешто нема да ги загрозува и намалува перформансите, така што тркањето е многу безбедно.

беше прекрасно да се види како сите вклучени луѓе од фиа, формула 1 возачите систематски ги “чешлаа“ сите процеси за да се осигурае дека интерно правиме се што можеме за општата безбедност на сите инволвирани – изјави вурц во своето интервју за Sky.

Алекс потенцираше дека планот е спортот да ги посети само земјите каде локалниот здравствен систем неа да има проблеми со настани од типот на Гранд При трки.

не одиме во земји и кај нации каде кризата е толку голема што медицинскиот систем нема доволен капацитет да се справи со евентуални проблеми. ние ќе имаме медицински систем во рамките на затворените патеки, но јас зборувам за тамошното јавно здравство. тоа е јасно договорено со жан тод и со чејс кери.

во случајот со австрија, знам дека имаат огромен капацитет. како нација ние австријците бевме среќни што имавме малку заразени, така што немавме проблем во однос на медицинското лечење, интензивната нега и слично.

исто така, мораме да се осигураме дека нема да си го шириме вирусот едни со други како и во земјата во која сме дојдени. раздалеченоста мора да да се почитува за да ризикот се намали.

Вурц потенцираше дека возачите секако претпочитаат трки пред публика, но прифаќаат компромис за доброто на спортот.

морам да кажам дека никој во моторспортот, нити возач нити било кој вклучен не сака трки без публика затоа сите живееме од емоциите кои ги чувствуваме заедно. на фудбалски натпревар или атлетски митинг кој се одржува на стадион или на патека со 100 илјади гледачи, сите заеднички го гледаат настанот, а чувството е многу различно.

сите возачи со кои сум зборувал и со кои секогаш сум во контакт, никој не рекол дека не сака трки без публика, затоа што тоа е погрешен став во ваков момент. имаме одговорност кон индустријата, формула 1 е глобална индустрија и како секоја влада низ светот, сите се обидуваме да ја покренеме таа индстрија и економијата затоа што семејствата и хипотеките ни зависат од тоа. исто е и со формула 1.

трките без публика се начин за враќање на моторспортот порано одошто тоа би било случај со полните трибини и поради тоа сите ги одобруваат и прифаќаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ