Вурц ја нарече казната на Фетел “борба за совршенство“

Претседателот на Асоцијацијата на Гранд При возачи, Александер Вурц, смета дека потрагата по совршенство во однос на интерпретација на правилата во спортот е виновна за казната која му ја одзеде победата на Себастијан Фетел во Канада.

“Првиот помеѓу возачите“ смета дека низ годините возачите и тимовите барале се повеќе јаснотија и прецизност од ФИА во однос на правилата, така што повеќе не смее секој случај да биде индивидуално разгледуван.

сите во системот кои сметаат дека казната не е оправдана се грешка затоа што низ годините по сите слични инциденти, возачите и тимовите бараа од фиа отворен начин и дискусија со цел експлицитно појаснување на тоа што е дозволено а што не. тоа појаснување беше до милиметар и микрометар во однос на дозволените движења. овие процеси низ годините доведоа до ова што се случува во моментов.

рационалната одлука при анализа на секоја поединечна ситуација и носење одлука базирана врз тоа ги крши правилата. малите детали карактеристични за секој инцидент повеќе не постојат.

во ваков случај тешко е да се обвини фиа и стјуардите, а тоа е токму она што не ми се допаѓа во оваа ситуација, личниот аспект кој се фрла. ние сме индустрија која во моментов се стреми на врвна совршеност, предност или слабост, казна или не.

доаѓаме до една таква ситуација и стјуардите не смее да проценат објективно без да се осврнат на 10 други слични ситуации и тоа што било изречено во тие моменти. во реалност секоја ситуација е различна затоа што има многу работи кои влијаеле на истата – појасни вурц.

Вурц смета дека Себастијан не направил никаков прекршок, но правилата и гледањето на претходните ситуации како и потребата за константност направило невозможно за стјуардите да не го казнат возачот.

тоа беше чиста физика, минување низ трева, кроегирање на правецот на движење на болидот се додека не се врати во идеалната линија и логична траекторија. немаше никаква намера за блокирање на противникот и негово истиснување.

секако дека ако не притискате до лимитот нема да погрешите, но кога грешите, мора да имате коректива реакција за да се вратите. ако ви успее кроекцијата тоа е одлично, ако не, сте пропуштиле можност. тоа е играта, тоа е тркањето.

јас го имав истото мислење и лани кога макс верстапен во сузука мина низ подлогата крај патеката која е и повеќе лизгава и понечиста од тревата, а потоа се врати и излизга на другата страна на патеката каде беше кими раиконен кој сакаше да мине од надворешната страна и се допреа. макс тогаш доби пет секунди.

ако погледнете така ќе сфатите дека фиа е многу константна со враќањето на патеката и небезбедно правење на истото без разлика дали имате контрола или не над болидот. секогаш даваат пет секунди казна.

фетел имаше брзина кога отиде во тревата и секако дека во одреден момент кога ќе се врати на патеката повторно ќе притисне гас затоа што нормално е дека сака да продолжи да се трка и има право на тоа.

не мислам дека намерно возеше пред луис колку и аресивно тоа да изгледаше на телевизија затоа што неговата глава се врти кон ретровизорот откако го направи корективниот потег и се врати во тркачката линија.

поради тоа јас не гледам дека имаше потреба за никаква казна исто како што и не гледав потреба за казна на верстапен во сузука. како и да е, случаите се слични и фиа даде исти казни. тоа мора да се прифати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ