Гасли: Алфа Таури не е на чело на средината

Пјер Гасли не верува дека Алфа Таури се најбрзата екипа во 2020 година кога се  разговара за средината на Формула 1 гридот.

Откако се ребрендираа од Торо Росо во Алфа Таури за 2020 година, тимот беше унапреден од јуниорски тим на Ред Бул во сестрински тим на големата екипа. Блиската врска со Ред Бул се очекува да и помогне на екипата да се подобрат во поредокот, но иако немаме тркање по предсезонските тестови во Февруари, Гасли смета дека тимот заостануваат позади Рејсинг Поинт, Мекларен и Рено.

Генерално, имавме позитивен тест, поминавме голема километража, а издржливоста е добра. Очигледно сакаме да бидеме побрзи од тоа што сме. Рејсинг Поинт се очигледно брзи, Мекларен исто така, а и Рено. Другире се сите премногу брзи. Другите се подобри во повеќе насоки.

Има повеќе области во кои се подобривме од Барселона, при сфаќањето на болидот. Сеуште се запознаваме со болидот, а за тоа е потребно време. Дефинитивно не сме на врвот на средината, го знаеме тоа. Другите завршиле добра работа. И ние завршивме добра работа, но знаеме дека нема да биде лесно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ