Гасли бара од Алпин повеќе време за прилагодување

Пјер Гасли побара од својот тим да му дадат повеќе време да се прилагоди и подобри откако направи трансфер од АлфаТаури во пресрет на оваа сезона.

Французинот мина во фабричката екипа по долги години минати во семејството на Ред Бул, а пред две години победи на Италијанското Гранд При за АлфаТаури. На првата трка од сезонав заврши на 9то место, а истото го повтори и во Саудиска Арабија.

Отмар Шафнауер, шефот на тимот, откри дека Гасли побарал трпение додека се поодбрува и додека подобро почнува да го разбира болидот.

тој е нов кај нас и знаеме дека е потребно време, брз е, но ќе му треба време да се прилагоди на болидот, а поудобно му е со секоја следна трка. разговаравме по трката на џеда и побара да му дадеме уште неколку трки и вети дека ќе биде неколку десетинки побрз – откри шафнауер.

Запрашан каде смета дека ќе се подобри возачот, Отмар додаде:

мислам дека со подобро разбирање на пакетот кој го вози, со подобро сетирање и соработка со инженерите со цел да се прилагоди болидот на неговиот стил и начин на возење.

Целта на француската фабричка екипа а оваа сезона беше да се задржи лани освоеното 4то место во конструкторскиот поредок, но овој пат ќе биде тешко затоа што има четири екипи кои имаат очигледна предност во однос на нив. Тоа значи дека треба подобро и побрзо да се развијат од конкурентите ако сакаат да завршат на иста позиција како лани.

не можам да кажам дека сум задоволен од напредокот затоа што јасно е дека сакавме да се бориме за повисока позиција и мислам дека во моментов сме зад првите четири екипи. цела средина на поредокот е зад нас, иако се многу блиску, но наша цел е да бркаме и да ги стигнеме оние пред нас.

општо гледано, мислам дека имавме добар старт, пристоен старт, но како екипа сакаме да се бориме за посилни поени. само прашање на време е кога ќе почне да доаѓаат нови делови на болидот и подобро ќе го разбереме истот, а јас подобро ќе се разбирам со тимот за да извадиме максимум – изјави гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ