Гасли бесен поради камионот на патека

Пјер Гасли збесна откако помина камион на патеката задолжен за отстрануање на болидот на Карлос Саинз од патеката додека беше развеано црвеното знаме, но тој се движеше за да ги стигне останатите со прилично голема брзина.

Контролата на трка развеа црвно знаме по само два круга на Сузука откако силниот дожд донесе неколку инциденти на стартот од кои најсилно беше излетувањето и сударот во ограда на Карлос Саинз од Ферари.

Гасли беше последен кој се враќаше во гаражата под црвено знаме, а членовите на тимот веднаш го обиколија додека излегуваш од болидот откако се паркираше во гаражата.

Снимката од камерата во АлфаТаури болидот покажа дека тој минал крај камион кој беше лево од него и требаше да го собере болидот на Саинз, но иако трката беше под црвено знаме, сите болиди, вклучително и тој кој беше последен, не беа вратени во боксот.

што бара камион, трактор на патеката. поминав буквално до него. ова е неприфалтиво. се сеќавате што се случи. не ми се верува – викаше гневниот возач до својата екипа.

Овој инцидент се случува осум години откако Жул Бјанки имаше силни повреди на главата поради судар со механизација на Сузука, повреди по кои почина следната година по девет месеци.

ФИА потврди дека црвеното знаме било поради лошите временски услови и потребното време да се острани болид од патеката.

во врска со отстанување на остатоци од болиди во 3от круг, безбендосното возило беше пуштено на патека и трката беше неутрализирана. болидот број 10 кој беше оштетен возеше за да ги стигне останатите, но тоа фо правеше со голема брзина.

поради влошувањето на условите, беше покажано црвено знаме пред болидот со број 10 да мине на локацијата на инцидентот од претходниот круг – вели контролта на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ