Гасли бил лут и шокиран поради отпуштањето од Ред Бул

По првиот дел од сезоната во која не ги донесе посакуваните резултати, Пјер Гасли беше вратен од Ред Бул во јуниорскиот Торо Росо, на негово место дојде дебитантот Александер Албон, а французинот бил шокиран, лут и гневен на таквата одлука на менаџментот.

Пјер континуирано беше победуван од својот колега МАкс Верстапен во неговата прва полу сезона со тимот во кој дојде пред првичниот план, но тоа мораше да се случи затоа што Даниел Рикардо реши да мине во фабричкаа екипа на Рено.

секако дека кога ја добив вест бев шокиран и навистина бев лут. мислам дека тоа не беше фер затоа што првите шест месеци не бев на потребното ниво. бев загрижен затоа што секако дека сакам да сум во најбрзиот болид и се обидов да направам промени да се подобрам, а ми беа ветени и работи кои не ми беа исполнети. имаше многу работи кои не се одвиваа како што јас сакав.

но, на крајот на денот ситуацијата беше таква, не моќев ништо да променам и морав да ја прифатам реалноста – се присетува гасли.

Францускиот возач имаше навистина луда сезона, откако по минувањето во Торо Росо дојде до подиум на Бразилското Гранд При преку второт место, а а трката во Белгија на Спа го загуби својот долгогодишен пријател, сонародникот Антоан Хубер.

мои пријатели ми рекоа дека сум бил во сезона која ја нема нити на холивудски филм и навистина е така затоа што и јас почувствував така. минав низ многу различни емоции и чувства од фрустрации и очај до еден од најтажните моменти во мојот живот за време на смртта на антоан на спа. по два месеци следуваше еден од најсреќните моменти во мојот живот преку подиумот во бразил.

вистинска луда железница, но во исто време многу научив од овие ситуации на лично ниво, но и како возач. на крајот ова е само моја втора формула 1 сеона и имам уште многу да научам и искусам – заврши гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ