Гасли благодарен на советите од Себ

Пјер Гасли откаи каква помош и совет добил од Себастијан Фетел на почетокот од својата Формула 1 кариера во 2016 година.

Како ГП2 првак немаше место во Формула 1 за него во 2017 година така што една сезона мина во јапонската Супер Формула, а потоа доби повик од доктор Хелмут Марко да вози за Торо Росо наместо Даниил Квјат од средината на сезоната.

се сеќавам дека штом ја освоив гп2 титулата во 2016 година и немав мжност веднаш да минам во формула 1 ми беше тепко, но бев задоволен затоа што направив се да дојдам до формула 1.

кога дојдов во ред бул, себ беше во последната своја сезона со тимот, јас минував повеќе време во фабриката и добив шанса да се видам и запознаам со нег како и да поразговарам додека работевме заедно.

му се јавив кон крајот на сезоната и бев искрен и го прашав што мисли за мојата ситуација, како треба да се поставам во кариерата, што треба да направам, го сакав неговото мислење како шампион и возач на ред бул. тој разговараше со мене 1,5 часа кажувајќи ми како да се фокусирам и дека треба да останам. ми кажа што треба да направам за ред бул, како да се однесувам со хелмут марко по негово искуство и слично. премногу сум благодарен за тоа затоа што не го очекував толку да се посвети на мене – откри гасли.

Во 2018 година тој ја одработе својата прва цела сезона во Торо Росо, а следната заработи промоција во Ред Бул по изненадувачкото заминување на Даниел Рикардо. Но, неубедливите резултати и заостатокот зад Верстапен доведе до враќање во Фаенца каде е до ден денеска, сезонава крај Јуки Тсунода.

секогаш сум гоподдржувал себ и многу сум го почитувал како формула 1 возач, но и како личност затоа што сметам дека е одличен човк. неверојатно е колку фокус, работни навики има, тешко е да се поверува.

тој е четирикратен првак, еден од најуспешните возачи во спортот и мора тоа да се почитува. неверојатен возач, неверојатен човек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ