Гасли: Болидот нема големи слабости

Францускиот возач на Алфа Таури, Пјер Гасли, тврди дека овогодинешниот болид на тимот е одличен развој во однос на ланскиот и истиот нема големи слабости.

Поранешен Торо Росо, а сегашен Алфа Таури, цели да го надоради лани освоетното 6то место кај конструкторите со овогодинешниот АТ01 пакет. Малиот итаијански тим имашуе успешен предсезонски тест во Барселона по што се оптимисти, но одложениот почеток на сезоната им оневоможи да видат до каде се.

пакетот е одлична еволуција на ланскиот, има некои работи кои се подобри, а има и работи на кои треба да продолжиме да работиме, но се на имаме голем потенцијал. не гледам дека имаме некоја голема слабост иако општо гледано секогаш сакате повеќе потисна сила, поголема брзина и механички грип. мислам дека нема нешто што не е во ред со болидот, треба само да додадеме потисна сила, но тоа ќе биде главна точка на работа за сите сезонава – анализира гасли.

Сакајќи да ги спореди перформансите на екипите во текот на тестот, Гасли имаше проблеми иако призна дека како на сите така и на него, му се чини дека Рејсинг Поинт има предност по копијата на ланскиот Мерцедес.

мислам дека рејсинг поинт изгледаат навистина многу брзо. не сакам премногу да зборувам затоа што треба темелно да се анализира, но и рено изгледаат многу брзо, некогаш се пребри, некогш по малку бавни.

не трошам многу време анализирајќи ги останатите туку се фокусирам на нашиот болид и програма со цел да помогнам колку што можам за да се извади максимумот од пакетот со кој располагаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ