Гасли го обожава огромниот предизвик кој го носи Сингапур

Формула 1 се враќа на Марина Беј во Сингапур прв пат од 2019 година, а возачите се подготвуваат за предизвиците кои ги носи трката и настанот.

Пјер Гасли откри дека ја обожава екстремната природа на Гранд При трката во градот-држава каде серијата се враќа по три години пауза поради светската пандемија. Настанот во Сингапур е повратник на гридот исто како и Јапонија и Канада кои за време на пандемијата не организираа трки.

Вообичаено настанот на Марина Беј речиси секогаш е блиску до лимитот од 2 часа тркање поради должината на патеката од 5 километри на која се возат 61 круг за да се постигне вообичаената дистанца. Патеката доби нов и помазен асфалт за овогодинешното издание на трката, а големата влажност ја прави трката исцрпувачка за возачите, една од најтешките.

Пјер Гасли заврши на 8мо место на последното издание од трката во 2019 година и нетрпелив е на предизвикот.

ќе се обидам да одморам и да се наспијам затоа што трката бара да сте во врвна физичка форма затоа што има екстремни услови. ја обожавам патеката, искрено, го сакам местото и ми недостасуваше последните неколку години поради што нетрпелив сум да се вратам.

ако ги погледнеме бројките, можеби е подобро бројките да не се гледат туку само да се биде отворен, да се вози и да се даде се од себе. се подготвуваме на најдобар можен начин и се надеваме дека ќе се бориме за добри позиции.

АлфаТаури се мачат сезонава и ја немаат константност како конкурентите, а Гасли само еднаш имаше топ 5 пласман. АТ03 повеќе сака патеки со помала потисна сила и беше силен во Белгија и Италија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ