Гасли задоволен: Еден од најдобрите петоци со тимот

По петочното возење на Автодромот Енцо и Дино Ферари, Пјер Гасли од АлфаТаури призна дека тоа бил еден од најдборо одработените петоци со тимот откако заврши во топ 4 на двете сесии.

Французинот беше брз на Имола и при ланската трка во Ноември, утринската сесија ја заврши со 4то време, додека попладневната беше 4ти, веднаш зад Мерцедес со само 8 стотинки заостаток.

Тој откри дека се почувствувал одлично штом стапнал во болидот и дека се надева оти екипата ќе продолжи на истиот начин.

мислам дека ова беше еден од најдобрите петоци за нас како екипа. бевме 4ти утрото, а 3ти попладнето и бевме многу блиску до најбрзите. се чувствувам одлично во болидот уште од првиот круг, успеав да притискам силно и да возам стабилно како што сакав. многу успешен ден.

се фокусиравме на кусите серии на софт кои изгледаа многу силно, а потоа возевме и со многу гориво како подготовка за трка. продолживме да работиме за да се подобриме против главнитеривали од срединаа на поредокот и покажавме дека можеме.

останува да ги анализираме податоците кои ги собравме во петок и се надеваме дека за квалификациите ќе бидеме уште подобри – најави гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ