Гасли имал дискусија со ФИА за границите на патеката

Фрустрираниот Пјер Гасли имал разговор со директорите на трката за да се подобри мониторингот на границите на патеката. 

Тој на последната трка мораше да стартува од 19ta позиција откако беше избришано неговото квалифиациско време што ќе го однесеше во вториот кваликациски дел. Серхио Перез го загуби своето време во К2 кое подоцна му беше вратено, но предоцна за да го поправи. 

АлфаТаури се одлучија да го променат моторот на французинот по што тој стартуваше од боксот што му дозволи на тимот да експериментира со конфигурацијата на болидот. 

Сеуште сум лут за тоа. Од тоа што го видов и што го искомуницравме, не е сигурно дали сум надвор од патеката. Тоа му се случи и на Јуки и на Чеко бидејќи кај нив е јасно дека се надвор од патеката.

Добро е што стартував од задниот ред и среќен сум што подобро можев да го разберам болидот бидејќи во моментов не ги покажуваме перформансите. Сеуште не е добро, но има знаци на поправање – посочи пјер.

Гасли изјави дека имал долг разговор со директорите на трката за границите на патеката која е честа тема на последните состаноци. 

Поминав 40 минути со Нилс и Едуардо за да разберам што се случува. Тоа бара многу работа.

Јасно е дека во тој свиок немаат начин како да следат. Зборувавме за решенија кои може да им помогнат. Тие беа отворени за дискусија. 

Возачот додаде дека Перез имал среќа поради додатна снимка која покажала дека немало надминување на границите. 

Чеко имаше внатрешна камера. Јас имав камера од кацигата и на неа не се гледа се. За мене немаше фер начин да се одлучи дали сум направил прекршок. Ќе видиме како ќе биде наредната година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ